Македонскиот возач Игор Иџе Стефановски оствари одлични резултати на трката во Португалија на ЕЦТТ шампионатот кој се возеше на 25-ти јуни оваа година.
Иџе настапот во Португалија го заврши со две трети мести во првата и втората трка.
Годинава, во септември се возеа нови трки во Белгија, а дури денеска пристигнаа пехарите од освоените места во Португалија.
Иџе ги сподели на својата официјална FB страна, па погледнете ги во продолжение.