Алонсо до јули ќе реши дали ќе се врати во Формула 1

Двократниот светски шампион, Фернандо Алонсо призна дека до јули месец ќе донесе конечно решение дали да се врати во Формула 1 во 2020 година.



Шпанецот се повлече од Гран При трките по неколку разочарувачки години со тимот на Мекларен, со кој го запиша најслабото претставување во историјата на славниот британски тим.

Алонсо веќе најави дека нема да се натпреварува во сериите „Ле Ман“ следната година, што ги засили гласините за неговото враќање во Формула 1. Се уште не е јасно, ако тоа се случи, дали Шпанецот ќе го добие назад првотимскиот статус во Мекларен, или ќе преговара со други тимови.

– До јули месец ќе ја објавам одлуката каде ќе се натпреварувам во 2020 година. Се уште нема ништо официјално, па не можам да одговорам дали се враќам во Формула 1. Имам таква желба, но треба прво добро да размислам. Има и други опции пред мене, како Индикар и други серии. Тоа што во следната година нема да се натпреварувам во сериите „Ле Ман“, не значи дека нема да се вратам по години. Сега размислувам за следниот чекор во својата кариера, за долгорочните планови се уште е рано, изјави Шпанецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...