Ф1 тимовите сакаат тројно да ја зголемат котизацијата за нови членови

Десетте актуелни Ф1 тимови се стремат кон најмалку 600 милиони долари за такси за влез на нови членови, велат извори на „Autosport“.



Еден од лидерите на тимот рече дека оваа вредност е минимумот од оние што се разгледуваат, а износот може да порасне уште повеќе. Во моментов придонесот е 200 мил.

Во последните денови се појавија информации за можна продажба на Алфа Таури. Марио Андрети важи за еден од потенцијалните купувачи. Евентуалното зголемување на котизацијата може да ја направи поатрактивна опцијата за купување тим од Фаенца. Очигледно Ред Бул ќе бара од Андрети повеќе од 600 милиони за Алфа Таури.

Претходно се појавија шпекулации дека компаниите „Андрети Глобал“ и „Џенерал Моторс“ преку својот бренд Кадилак имаат намера заеднички да аплицираат за влез во Формула 1 шампионатот со формирање на 11-ти тим.

Веќе една година Андрети бара начин да влезе во овој спорт. Преговорите со Заубер за преземање на нивната екипа пропаднаа во последен момент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...