Претставници на Саинц почнаа преговори со Мерцедес

Претставниците на Карлос Саинц стапиле во контакт со Мерцедес и веќе се започнати преговорите меѓу двете страни за евентуален договор на Шпанецот со поранешните шампиони. Договорот на Саинц со Ферари истекува на крајот на 2024 година и веќе стана јасно дека нема да биде обновен, а на негово место ќе дојде Луис Хамилтон.



Во деновите пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија, таткото на Саинц, Карлос постариот и неговиот менаџер Карлос Ороно, беа забележани како се среќаваат со различни високи функционери на Мерцедес, а подоцна беше потврдено дека тие имале долги разговори со шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Волф во неколку наврати изјави дека нема да брза во потрагата по замената на Хамилтон бидејќи сака да ги истражи сите можни опции. Тото не ја отфрли можноста Мерцедес да го доведе Макс Верстапен, но се верува дека Саинц во моментов е на врвот на листата на кандидати за тимски колеги на Џорџ Расел за следната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...