Астон Мартин: Нашата врата е секогаш отворена за Верстапен

Дали тимот на Астон Мартин ќе биде факторот што ќе ја забрза пропаста на светските шампиони во Формула 1, Ред Бул?

Лоренс Строл веќе го претстави Адријан Њуи, кој почнува да работи за британскиот тим од почетокот на следната година, а заедно со ова се забрзаа гласините дека Астон Мартин веќе е во преговори со Макс Верстапен и светскиот шампион би можел да се пресели во тимот за сезоната 2026 година.

Макс има договор со Ред Бул до крајот на 2028 година, но неговата иднина со тимот е неизвесна по крајот на следната сезона.

-Нашата врата е секогаш отворена за Макс Верстапен. Откако ќе успеете да го привлечете Адријан Њуи, тоа е доказ дека нашиот проект е сериозен, целата визија на Лоренс не се само зборови. Ние веќе не сме аутсајдерите какви што бевме некогаш, туку тим кој е уверен дека може да се справи со предизвиците. Донесувањето на Њуи ни отвора многу врати за иднината, изјави шефот на Астон Мартин, Мајк Крак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Ја забележал отец Миле калуѓерката Маре како шета низ манастир малку подздебелена, па и префрлил:
- Сестро Маре, сме се подзебелиле малку, а?
- Не отец Миле, гасови...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден за здрава вода.
1014.- Во Преспа умре македонскиот цар Самуил....
1536.- Англискиот верски реформатор и преведувач...
1600.- Во Фиренца, во Италија во палатата Пити,...