Норис: Далеку сум од мојата вистинска форма

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, не е задоволен од моменталната форма оваа сезона.



- Плаќам за грешки кои не требаше да се случат. Трката испадна тешка. Дури и да имаше шанса да се стигне Расел, тоа сепак не се случи. Добрата работа е што освоив поени. Лошата страна е што можевме да направиме повеќе, а не го сторивме тоа.

Да бидам искрен, изненаден сум што воопшто освоив поени, со оглед на тоа како се чувствувам зад воланот. Се чувствувам непријатно, не сум задоволен. Не сум во мојот елемент, па резултатите се дури и изненадувачки. Едноставно нашиот болид сега е толку добар што ме спасува од големи неуспеси. Но, не сум ни блиску до нивото на кое сум способен, изјави Норис за „Sky Sports“ по вчерашната трка во Бахреин на која го освои 3. место

Пјастри ја освои својата четврта победа во Формула 1 и втора во сезоната 2025 година. Австралиецот се искачи на второто место во генералниот пласман со 74 бодови. Актуелниот шампион Макс Верстапен (Ред Бул), кој заврши на шестото место во Бахреин, падна на третото место во поредокот со 69 бодови. Лидер е Норис со 77 бода.

Следната фаза од Формула 1 ќе се одржи во Саудиска Арабија од 18 до 20 април.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како Црногорци градат автопат?
- Ќе направат 10 километри и ќе стават знак "итн."

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...