Маратонката Адријана Поп Арсова ќе учествува на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

Македонската рекордерка во маратонско трчање Адријана Поп Арсова Рашиќ, која потекнува од Виница, успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“.



Со ваквиот успех таа стана првата атлетичарка во историјата на македонската атлетика која ќе настапи на три последователни светски првенства - „Орегон 2022“, „Будимпешта 2023“ и „Токио 2025“.

Поп Арсова успеа да го оствари критериумот за учество и се најде меѓу најдобрите 100 маратонки во светот, обезбедувајќи директен пласман преку ранкинг-листата на Светската атлетика (World Athletics).

Овој резултат е уште еден доказ за континуираниот напредок и професионалниот развој на македонските атлетичари, како и потврда за вредноста на вложувањата во македонската атлетика.

Светското првенство ќе се одржи во периодот од 13 до 21 септември во Токио, Јапонија, каде најдобрите атлетичари од целиот свет ќе се борат за светската титула. Македонија ќе има двајца свои претставници - Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски, кои ќе настапат во дисциплината маратон.

Фото: Атлетска федерација на Македонија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...