РК Вардар го промовираше новиот дрес

Двократниот европски шампион Вардар денес официјално го промовираше новиот дрес.

Со видео објавено на социјалните мрежи, македонскиот вицешампион го најави стартот на сезоната 2025/26.



-Во пресрет на јубилејната година, кога РК Вардар 1961 го прославува 65 роденден, со огромна чест ви го претставуваме новиот дрес на клубот за наредните две сезони. Скопското Кале, тврдината на градот Скопје, симбол на издржливоста, на приказната која со децении, со многу труд и емоција ја имаат создавано и се уште ја создаваат генерации на ракометни легенди, спортски работници и навивачи, како и црвено-црните риги, нашиот препознатлив заштитен знак, на секој натпревар, дури и во најтешките моменти нека ги потсетуваат ракометарите на теренот на големината и на славната историја на клубот. Нека им бидат поттик и патоказ кон враќањето на тронот!

Новиот дрес е само почеток на низата од настани и активности, со кои РК Вардар 1961 во текот на целата година ќе го прослави 65 роденден. Благодарност до сите кои беа дел и несебично ја помогнаа реализацијата на промотивното видео. Клуб за сите генерации – клуб со славно минато! – стои во објавата на РК Вардар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1923.- Во селото Сингелиќ, скопско, е родена...
1927.- Харвардскиот професор Филип Дринкер...
1944.- Во Дамбертон Оксу, во близина на...
1947.- Со одлука на Владата на Народна Република...