Шампионските пехари на Вимблдон во рацете на Ига Швјонтек и на Јаник Синер, изнудија многу жестоки реакции кај британските медиуми. Тие не кријат и огорчени се дека шампионските титули ги освоија тенисери, кои биле суспендирани поради допинг.

Никој нема забелешки на нивните игри, но се навдува дека шампионите во двете конкуренции „паднале“ на допинг тестовите во последните 12 месеци.
ВАДА бараше едногодишна суспензија за Синер, па потоа е постигнат договор за тримесечна суспензија, а слично беше и со Швјонтек која имаше едномесечна суспензија. Забелешките се движат и дека тримесечната суспензија за Италијанецот беше во периодот меѓу Австралија Опен и Ролан Гарос и не пропушти ниту еден Грен слем турнир.
Во делот од забелешките медиумите пишуваат и за „шампиони со ѕвездичка“ алудирајќи на нивните суспензии поради допинг.