Роси: Се селам во Дукати, мојата работа со Јамаха е завршена

Седумкратниот шампион во Мото ГП, Валентино Роси потврдил дека ќе го напушти тимот на Јамаха и следната сезона ќе вози за Дукати.

Италијанецот потпиша двегодишен договор, а тимски колега ќе му биде Ники Хајден бидејќи поранешниот шампион од 2007. година, Кејси Стонер ќе се пресели во Хонда.

"Многу е тешко да се опише мојот однос со Јамаха овие седум години. Многу работи се променија од 2004. година, а особено се промени мојот мотор М1.На почетокот беше просечен, но по мојата помош и соработката, помогнав уште да напредува и еве сега припаѓа во врвот од својата класа. Сега дојде ред за нови предизвици. Мојата работа со Јамаха е завршена. За жал, и најголемата љубов некогаш прекинува, но зад себе оставам преубави спомени како кога М1 и јас прв пат се запознавме. Ме погледна право во очи и ми рече дека ме сака." - заклучил на шега Роси.




Генералниот директор на Дукати, Филипо Прециози е воодушевен што следната сезона ќе соработива со Роси.

"Се до крајот на оваа сезона Роси ќе биде наш ривал поради кого секоја наша победа има особено значење и тежина. Заедно со него ќе работиме на нов болид, кој во целот ќе може да го следи неспорно големиот негов талент и капацитет. Работата со Роси е голем предизвик за секој инженер и добро е да се знае дека ќе ја имаме таа привилегија следната сезона" - рекол Прециози.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот комарец се враќа дома после првиот, пробен лет.
- Како беше сине? - го прашува мајка му.
- Фантастично мамо! Сите ми ракоплескаа.

* * *

Имал Трпе пролив па отишол...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
55. п.н.е.- Римскиот конзул Гај Јулиј Цезар...

1576.- Од епидемијата на чума што ја зафати...

1635.- Умре Феликс Лопе де Вега Карпио,...

1664.- Умре шпанскиот сликар Франсиско де...