Доаѓа време на големите натпревари

По една година пауза, есенва одново во Македонија ќе се игра ракомет на највисоко европско ниво. Критериумите на ЛШ се дека мора да се игра во "Борис Трајковски" што ќе ги направи дуелите на Металург попривлечни за сите граѓани на Скопје.

Салата е едно, но најпривлечни за љубителите на ракометот овој пат, односно за првпат за Металург нема да бидат условите туку реалните шанси на екипата да направи добри резултати.

Реално, оваа сезона квалитетно засилениот клуб, конкуренцијата која не е нималку лесна, но за разлика од годините кога доаѓаа Кил и Барселона, сега е сосема реално да чекаме победи, треба да ја наполнат најголемата скопска сала со публика.

Се друго е во рацете на играчите на македонскиот првак.

В сабота од друга страна очекуваме да стартува и регионалното натпреварување, но тие натпревари, барем во оваа фаза ќе се играат во "Автокоманда".

Босна би требало да биде екипата против која Металург ќе ја има промоцијата пред своите гледачи. В сабота во 19:00 според најавите. Иако кога е во прашање СЕХА ќе сочекаме до последен момент за информација дали оваа лига ќе профункционира.

Што се однесува до актуелности од Металург, Миладин Козлина вчера беше опериран. Среден е менискусот и тој ќе замине за Словенија на рехабилитација. Операцијата минала во најдобар ред и се очекува за околу 1 месец да се врати на теренот. Исто тоа време и Дамир Батиновиќ треба да се врати на терен, па така за натпреварите од Лигата на шампионите, Металург ќе го има на располагање комплетниот играчки кадар.

На натпреварот со Хаслум во Ришон, Лино Червар одигра практично со една постава, но за натпреварите од СЕХА шампионатот шансата да играат ќе ја добијат и играчите кои во моментов од клупата ја чекаат шансата да заиграат.

"Во регионалната лига ќе биде многу поинаку. Таму шанса да играат ќе добијат сите и на тој начин ќе се борат за позиција и минутажа во тимот", изјави Червар како заклучок на анализата околу минутажата на играчите во тимот.

Првиот меч од ЛШ сезонава ќе се игра во Скопје, а ќе гостува стариот должник на македонската екипа, Цимос Копер од Словенија. Во овој момент на Словенците се гледа како на огромна шанса Металург да стигне до третата победа во клупската историја во рамките на Лигата на шампионите.

НАТПРЕВАРИ НА МЕТАЛУРГ

1. Коло (28.09/02.10.2011)

Металург - Цимос Копер

2. Коло (09.10.2011)

Санкт Петербург - Металург

3. Коло (16.10.2011)

Хамбург - Металург

4. Коло (19/23.10.2011)

Металург - Висла Плок

5. Коло (16/20.11.2011)

Металург - Констанца

6. Коло (24.11.2011)

Констанца - Металург

7. Коло (30.11/04.12.2011)

Металург - Ст. Петербург

8. Коло (11.02.2012)

Цимос Копер - Металург

9. Коло (19.02.2012)

Висла - Металург

10. Коло (22/26/02.2012)

Металург - Хамбург



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...