Надал се пријави за Лејвер купот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе биде дел од Тимот Европа на Лејвер купот, кој е закажан за од 20 до 22 септември во Берлин, соопштија денеска организаторите.



„Надал им се придружува на Карлос Алкараз, Данил Медведев и Александар Зверев во Тим Европа, кој ќе се обиде да го врати трофејот во Лејвер купот под водство на Бјорн Борг“, се вели во соопштението на организаторите.

Лејвер купот во 2022 година беше последниот официјален турнир на кој настапи легендарниот Швајцарец Роџер Федерер, а Надал, иако повреден, дојде на турнирот да игра во двојки со еден од најголемите ривали во кариерата.

Надал изјави дека е многу среќен што по четврти пат ќе учествува на ова натпреварување иницирано од Федерер во 2017 година.

„Во оваа фаза од мојата кариера, навистина сакам да ги искористам сите можности кои ми се појавуваат“, рече Надал.

Шпанскиот тенисер минатата недела се врати на теренот по повеќе од три месеци пауза, но загуби во второто коло на турнирот во Барселона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...