Ѓоковиќ за нередите во Париз: Ни советуваа да не се враќаме во хотелот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за нередите во Париз кои се случија по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите.

- Сакам да му се заблагодарам на шефот на обезбедувањето, кој не е тука, но тој беше неверојатен, како и целиот негов тим. Во одреден момент ситуацијата стана доста напната, па дури нè советуваа да не се враќаме во хотелот. Тие рекоа можеби треба да најдеме место во близина и да преноќиме таму. Затоа што веќе беше по полноќ и по улиците се случуваа опасни работи - гасни бомби, запалени автомобили... Сето тоа се случуваше токму околу нашиот хотел, кој се наоѓа во близина на Триумфалната капија.

Во одреден момент, сè почна да излегува од контрола. Иако, од друга страна, можете да разберете - луѓето беа воодушевени. За прв пат градот ја освои Лигата на шампионите. Ова е еден од најважните градови во светот. Сите славеа, рече Ѓоковиќ на вчерашната прес-конференција.

Ѓоковиќ го совлада Британецот Камерон Нори во четвртото коло на Ролан Гарос (6:2, 6:3, 6:2).

Во четвртфиналето Србинот утре ќе се соочи со Германецот Александар Зверев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Секретарката влегува кај директорот во канцеларија:
Директоре, стигна факс.
Нека влезе!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е шкотскиот економист Адам Смит, кој...

1819.- Роден е англискиот астроном и математичар...

1826.- Во Лондон умре Карл Марија Вебер,...