Мукаетов: Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ

Сопственикот на компанијата Алкалоид, Живко Мукаетов изрази надеж дека Европската ракометна федерација ќе донесе правилна одлука за неодиграниот натпревар вчеравечер во СЦ „Борис Трајковски“.

Воедно, Мукаетов им се заблагодари на сите кои дојдоа во СЦ „Борис Трајковски“ да го поддржат Алкалоид во реваншот од финалето на Европскиот куп со грчи АЕК.

- Oгромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во СЦ Борис Трајковски да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех.

Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, целосно. И клубот и прекрасната публика синоќа.

РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси.

Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ, стои на Инстаграм профилот на Мукаетов.

Натпреварот Алкалоид - АЕК не се одигра поради одлука на гостите да не излезат на теренот.

На првиот меч во Атина, македонскиот претставник победи со 29:25.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се расправаат двајца пијаници:
- Јас гледам две месечини на небото.
- Абе, три се кога ти кажувам. Една лево, една десно и една у средина.
Поминува некој човек и овие двајцата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1640.- Во Антверпен умре Петар Паул Рубенс,...
1672.- Во Москва е роден Петар Велики, цар на...
1778.- Во Париз умре Франсоа Волтер, француски...
1918.- Умре Георгиј Валентинович Плеханов, руски...