Советникот на Ред Бул Хелмут Марко ги сподели своите очекувања за настапот на тимот на Шпанското ГП.

-Дали Ред Бул ќе биде брз во Барселона како во Имола? Се надеваме дека е така. Во Барселона, квалификациите се исто така многу важни, бидејќи престигнувањето на оваа патека е тешко. Со истрошеноста на гумите, постои шанса да се направи тоа на стартот, изјави Марко.
Етапата нд Формула 1 светскиот шампионат за ГН на Шпанија ќе се одржи од 30 мај до 1 јуни во Барселона.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на Емилија Ромања во Имола.
Пред шпанското Гран при лидер во поредокот на возачи е Оскар Пјастри со 161 бод, неговиот клупски колега од Мекларен, Ландо Норис е втор со 158 бода, Макс Верстапен од Ред Бул е трет со 136 бода.