Паредес навести дека може да остане во Рома

Фудбалерот од средниот ред на Рома, Леандро Паредес навести дека би можел да остане во римскиот клуб и следната сезона.

Во натпреварот од 38. коло на Серија А, Рома вчера го совлада Торино со резултат 2:0, гол од пенал постигна Паредес во 18. минута.

- Годината ја завршуваме со победа! Ова е тешка сезона, чудна, но се обидуваме да ја постигнеме нашата цел до крајот! Благодарност до сите што не поддржуваа во текот на целата сезона. Се гледаме следниот пат! - напиша аргентинскиот фудбалер на социјалните мрежи.

Пред ова, Паредес не ја исклучи можноста да се врати во аргентинската Бока Јуниорс за која настапуваше од 2010 до 2015 година.

Рома на крајот од сезоната 2024/25 има 69 бодови на 38 натпревари и се наоѓа на петтото место во Серија А. Следната сезона ќе игра во Лига Европа.

Триесетгодишниот Паредес постигна четири гола и направи две асистенции на 33 натпревари за Рома во сезоната 2024/25. Неговиот договор со римскиот клуб е до 30 јуни 2026.

Според „Transfermarkt“, трансфер вредноста на дефанзивниот играч за врска е пет милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Што вика плавуша кога ќе и дувнете во уво?
- Фала за идејата.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1594.- Во Венеција умре Јакопо Робусти...
1809.- Во Виена, умре Франц Јозеф Хајдн, прв...
1872.- Во селото Влахи, Пиринска Македонија, е...
1942.- Чехословачките патриоти го убија водачот...