Европската фудбалска централа (УЕФА) ја одложи одлуката за учеството на Кристал Палас во Лигата на Европа следната сезона, објави денес Би-Би-Си.
Фудбалерите на Кристал Палас обезбедија место во Лигата на Европа, откако минатата сезона го освоија англискиот ФА Куп.
Би-Би-Си потсетува дека УЕФА им забранува на клубовите со исти сопственици да учествуваат во истото натпреварување со цел да се избегнат судири на интереси. Кристал Палас и Лион, кои се квалификуваа за Лигата на Европа, имаат исти сопственици.