Пелистер со "дебел" минус од Белорусија

Екипата на Пелистер не успеа да ја исполни замислената цел и од Белорусија да се врати со поднослив пораз, односно резултат кој вклучуваше и пораз, максимален минус до пет гола разлика.

Битолчаните беа блиску до својата цел, имаа шанса да ги доведат Белорусите пред 5-6 илјади свои навивачи со предност која ќе ги направи да затреперат, но не издржаа.

Се враќаат со пораз од седум гола разлика. Разлика која е многу незгодна за бркање и која му дава огромни шанси на клубот кој ги брани да излезе како конечен победник од двобојот.

Не е без шанси македонскиот тим. Мешков со години наназад добро ја материјализира предноста на домашниот терен, но кога ќе дојде ред да се брани на гости - губат. Досега не покажале карактер на екипа која може да повтори и на гости тоа што го игра на домашен терен.

Пред многу голем и тежок предизвик - Пелистер

Виделе притисок, виделе гостински амбиент, но сигурно Битола не можат ни да ја замислат. А таму, единствено екипите кои се со класи подобри од Пелистер можат резултатски да се чувствуваат комфорно. Другите се главно во неволја, а то се однесува дури и за екипи на кои не им е првпат да играат во "Младост".

Ова е многу изразено кога се работи за натпревари кои градот ги чека со месеци, а во недостиг на квалитетни натпревари сезонава, доаѓањето на БГК Мешков е тоа што битолчани го чекаат уште од септември.

Од сегашен аспект гледано, вистинска штета е што Пелистер не успеа да го зачува тимот кој го формираше на почетокот на сезоната. Имаа идеална шанса битолчаните да го искористат неиграњето на дури три играчи на Мешков. Пракапенја, Шумак и овозесонското засилување Максим Бутенко не се подготвени за настап поради повреда и тоа ќе беше идеалната шанса за Пелистер. Сите тројца се важни играчи за БГК, посебно Пракапенја. Засега нема точно инфо дали некој од нив би можел да допатува со тимот во Македонија.

Но и битолчани останаа без Жујовиќ, Унчанин и Јакимовиќ, да не ги споменуваме и Нахас, Докиќ и другите кои беа споменувани како засилувања за оваа сезона и не го искористија хендикепот на белорускиот клуб.

Што се однесува до самиот натпревар, тоа бил филм со сценарио речиси иднтично по кое се играше ланскиот натпревар меѓу Мешков и Металург.

Поинаку кажано, домашните неимпресивни, но во постојана предност. Резултат меѓу 3 и 5 разлика кој главно им одговара и на двата тима. Но, во финишот, во последните 2-3 минути инјекција за домашниот тим од судиската двојка, па влегуваат во "фуриозна" завршница, притоа и инаку мирната сала се крева на нозе, гостинот не дека збунет, но се на теренот одеднаш почнува да се одвива брзо и разликата од 3-4 се претвора во конечни 7. Минусирајте два гола во целото сценарио и тоа е тоа, истото што лани му се случи и на Металург во Брест.

Резултатски, домашните имале водство од 4:2, пред Пелистер да постигне 4 погодоци во следните напади и да не им дозволи на домашните да се одлепат. По тоа се продолжило во ритам гол за гол во кој домашните полека го зголемувале притисокот и на полувреме беше 13:11 за БГК Мешков.

Во второто полувреме за едно скалило подобра и поагресивна игра на домашниот состав и воспоставиле резултатска контрола, но со разлика од која не би бил незадоволен ниту Пелистер.

И така со 55. минута во која домашниот состав имал плус 4 (23:19). По тоа следува споменатиот финиш и тоа што не им појде од рака за 55 минути игра, домашните го постигнаа за нешто помалку од 5. Во сета таа приказна има и нереализиран седмерец на Пелистер, неколку интервенции на Чарапенка и добра игра на Украинецот Кириленко и несудениот "вардарец" Григориј Благонадеждин, двајцата со вкупно 6 погодоци.

Во битолскиот состав во Златко Везенкоски и Марио Маретиќ го носат епитетот на најдобри стрелци и играчи во поле (по шест гола постигнаа и двајцата). Голманот Петар Мисовски имал одлична партија во вториот, а Игор Тосковски во првиот дел. Но, поглед на статистиката покажува дека на битолчаните им недостасуваат головите од крилната позиција.

Сега е тешко да се зборува за шансите за пласман на Пелистер во следната рунда. Во голем процент тие одат на страната на БГК. Битолчани како адут број 1 ќе го истакнат амбиентот во својата сала и ќе се надеваат дека Белорусите ќе потклекнат пред публиката, а домашните ракометари им го претворат во дежа ву гостувањето во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...