Червар: Нема да биде лесно, ние мора да ја водиме играта

Македонскиот ракометен шампион Металург в недела од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го игра натпреварот од последното коло од групата Ц, а во Скопје ќе гостува данската екипа Силекборг. На првиот натпревар Металург во победи со три голови разлика (26:23), но противникот пружи силен отпор и поради тоа тренерот на Металург Лино Червар повикува на внимателност.

- Она што можам да го ветам е дека ќе се бориме за да победиме, но нема да биде лесно. Силекборг е екипа која на првиот натпревар дома имаше предност од четири голови, но сепак ги победивме. Во нивниот состав има пет дански репрезентативци. Тоа е екипа чија игра нас не ни одговара. Затоа ние мора да ја водиме играта и голманите да бидат на висина на задачата. Ова е голема шанса да се направи чекор напред во однос на лани кога бевме третопласирани, истакна Червар на денешната прес-конференција.

Изминативе денови Металург има и мали здравствени проблеми. Со намален интензитет поради болест тренира Ренато Вугринец, а под посебен третман поради повреда на препоните е Филип Миркуловски.

Капитенот Ванчо Димовски, кој беше стрелец на два гола на првиот дуелпосака Металург да ја искористи добиената шанса.

- Сега сами решаваме за второто место во групата. Пред една недела не беше така. По поразот од Горење сега сами ќе решаваме за нашата судбина.

Гостите од Данска в сабота ќе пристигнат во Скопје. Натпреварот се игра в недела од 17 часот, а доколку Киелце го победи Горење во Словенија, Металург ќе го обезбеди второто место во групата без разлика на исходот со Силкеборг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...