Мораме позитивно да мислиме и да го победиме ПИК Сегед

Македонскиот вицешампион Металург утре ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за пласман во групите од Лигата на шампионите. Ривал на Металург е унгарската екипа ПИК Сегед.

- Станува збор за сериозен противник, кој неколку сезони по ред игра во групите од Лигата на шампионите. Мораме позитивно да мислиме и секој ривал мора да се победи. Но, мораме тактички дисциплинирано да играме и да не влеземе во нивниот ритам на игра. Станува збор за квалитетен состав, кој дополнително се засили со неколку нови играчи. Во нивната екипа има неколку репрезентативци на Унгарија, но и на други репрезентации, изјави тренерот на Металург, Лино Червар на прес конференцијата.

Червар е задоволен од формата на играчите и очекува засилувањата пред се Роберт Атман да внесат свежина во играта на тимот од Автокоманда.

Новиот капитен на Металург, Наумче Мојсовски изјави дека ПИК Сегед е добар тим. - Ние мора да ја играме нашата игра и на двата натпревара да се бориме за секој гол како во нападот и така во одбраната заедно со голманите да го браниме нашиот гол, рече тој.

Дуелот Металург – ПИК Сегед се игра во СЦ „Борис Трајковски“, утре среда на 28.август со почеток во 19:00 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...