Индира Кастратовиќ, вечерва, 19:30 часот, во СЦ Кале ќе го има првиот собир на нејзината шампионска екипа Вардар СЦБТ, што ќе значи и почеток на подготовките за новата сезона. Со оглед на сите заминувања и засилувања во летниот период екипата, која се очекува да биде во полн состав денеска, сигурно дека ќе донесе многу нови лица.

Поаѓајќи од „тројката“ Андреа Пенезиќ, Барбара Лазовиќ и Ања Алтхаус, чие доаѓање во „црвено-црните“ редови е познато уште од почетокот на годинава, преку младите Драгана Петковска, Сара Митова и Симона Стојановска, кои добиваат шанса во првиот тим, па се до Алена Ихнева и Олга Черноиваненко, кои се последните засилувања на екипата.

„Вардарки“ во Скопје остануваат една недела (5 август) за потоа екипата да замине на подготовки во Австрија, каде ќе биде до 21 август. Од Австрија Вардар СЦБТ продолжува во Унгарија, каде ќе му биде гостин на европскиот шампион Ѓер, на турнир, кој ќе се одржи од 22 до 24 август.