Обрван и Голужа – стара приказна, нова „љубов“

За разлика од големите натпреварувања на кои Македонија и Хрватска имаат само едно соочување, на Европското првенство 1998 во Италија, кога изгледот на репрезентациите беше сосем поинаков од она што се денеска, шефовите на стручните штабови на двете екипи, сонародниците Ивица Обрван и Славко Голужа имаат нешто подолго од дводецениска „врска“.

Обрван е пет години повозрасен од Голужа, но првите чекори во ракометниот свет ги имаат направено во ист клуб, РК Механика Метковиќ, додека вистинскиот почеток на нивната приказна почнува во редовите на Загреб, со кој во 1992 и 1993 ја освојуваат ЕХФ Лигата на шампионите. Заедно имаат настапувано и за репрезентацијата на Хрватска, на Европското првенство во 1994 година во Португалија, кога „коскестите“ го прават првиот голем успех и стигнуваат до бронза.

Нова средба Обрван и Голужа ќе имаат пет години подоцна (1999) во матичниот клуб Метковиќ, со кој на хрватскиот клупски ракомет му го носат последниот трофеј, Купот на ЕХФ. И тука завршуваат нивните допирни точки како играчи.

Но, она што следи е од поблиската историја и ја поврзува нивната тренерска кариера. Ивица Обрван го предводеше Загреб во годината кога Вардар предводен од Веселин Вујовиќ се запиша во историјата на регионалното натпреварување како прв освојувач на СЕХА лигата. По овој неуспех Обрван доби отказ од клубот, а на неговото место експресно се најде Голужа.

Токму тој момент најавува дека, како што велат и хрватските колеги, средбата пред камерите ќе биде срдечна, но секој ќе се држи на своето.

Оттаму доаѓа и најавата на нашиот селектор дека без разлика што ќе игра против своите сонародници, емоции нема да има.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...