Љубомората мотив за убиство

Љубомората може да биде интересен зачин на една врска, но во некои случаи таа може да доведе до многу несакани последици, па дури и до убиство. Оваа недела бевме сведоци на еден мошне немил настан кога српската пејачка Ксенија Пајчин и нејзиното момче беа пронајдени мртви. Како причина за смртта се наведе љубомората на момчето кое прво ја убило неа, а потоа извршило самоубиство.

Сепак, оние кои што подобро го разбираат проблемот на љубомората, тврдат дека злосторството од љубомора не се случува преку ноќ.

-Љубомората открива силна, ненормална желба за поседување. Таа предизвикува сомневање, љубоморната личност се чувствува загрозено, па дури и облекувањето и начинот на однесување на партнерот може да бидат причина за правење сцени и караници. Агонијата станува поголема ако партнерот е маж, не може да се довери, патолошки ги изразува чувствата, сомневањето подолго време го вознемирува ..начесто во ваква ситуација може да консумира и алкохол, па да дојде до кобни последици, истакнува доктор Миливојевиќ.

Сепак, интересно е да се забележи дека во заедничниот живот не постојат никакви сигурни знаци дека партнерот може да ја изгуби контролата над чувствата.

Љубомората не е доказ за љубов

Чувството на љубомора е нормално кога се искажува во нормална мера, но тоа во никој случај не е доказ за љубов. Кај жените ситуацијата е полесна бидејќи плачат, викаат, прават сцени и начесто им е виновна некоја трета страна, но во секој случај ги искажуваат чувствата. Мажите од друга страна потешко ги искажуваат емоциите, па љубомората може да се манифестира како ненадејно и агресивно однесување.

Кога љубомората ја преминува границата?

Љубоморната личност постојано бара доказ за љубов, го прегледува телефонот, очекува повик, опседната е со движењето на својот партнер/ка, сака постојано да ми/и се покажува колку е значајна/ен. Добро е кога на ваквиот партнер му покажувате нежност и разбирање, но кога неговата опседнатост започнува негативно да влијае брз вас и да повеќе да ве гуши отколку да ве прави среќни, време е да ја прекинете врската.

Видови љубомора

Доколку партнерот претходно не бил љубоморен, туку се однесува така во определена врска, тогаш проблемот е само во тој однос, кој на некој начин го наведува на љубомора. Во случај љубоморните испади да се случувале и во претходните врски, тогаш станува збор за сериозен проблем. Психолозите најчесто ја класифицираат љубомората во три класи и тоа:


-слатка љубомора е онаа љубомора која нема негативни последици. Партнерот се лути што гледате фотографии на згодни холивудски актери.

-здрава љубомора е кога се вознемирува затоа што некој ви се додворува и сака да го заземе неговото место.

-опсесивна љубомора е кога знае сè што правите, каде одите, директно или индиректно ве контролира, започнувате радикално да се менувате за да му угодите на барањата кои секојдневно се зголемуваат, а тој продолжува да покажува агресивно однесување па дури и употребува сила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби