Како да вежбате со хулахоп?

Претходно пишувавме дека хулахоп е одлично средство за слабеење и дека часовите по хулахоп едноставно се пребукирани поради големиот интерес. Сепак, за оние од вас кои повеќе би сакале да вежбаат во комфорноста на сопствениот дома приготвивме неколку совети за правилно и ефикасно вежбање.

Првото нешто што треба да го направите е да изберете вистинска големина на хулахоп. Сигурно нема да ги практикувате вежбите со хулахопот на вашето дете во кој одвај можете да влезете, а камо ли да го вртите.

Многу луѓе не знаат како да ја изберат вистинската големина, но во суштина тоа е навистина лесно. Застанете во средината на хулахопот и видете колкаво е растојанието од вашето тело до хулахопот. За најдобар ефект треба да има поголем простор. Колку сте покрупни, толку поголем хулахоп ви е потребен, но тоа е добро бидејќи иако поголемите хулахопи побавно се вртат лесно ќе можете да ги стартувате. За разлика од нив малите се вртат далеку побрзо и се користат за правење најразлични финти и трикови.

Кога започнувате да вртите хулахоп имајте во предвид дека штосот е во тоа правилно да ја распределувате телесната тежина. Хулахопот се врти со целото тело и затоа е потребна целосна синхронизација. Застанете во хулахопот и прилепете го за грбот нешто повисоко од половината. Потоа потурнете го и започнете да ја префрлате тежината напред назад се додека не забележите дека правилно ја изведувате вежбата.

Многу луѓе се обидуваат да се нишаат во круг заедно со хулахопот, но бидејќи така е потешко користете го тоа вртење кога ќе го совладате основното.

Со хулахопот можете да го вежбате речиси секој дел од вашето тело, а истиот е одличен за оформување на стомачните мускули и за добивање на онаа совршена половина од соништата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби