Невообичаени работи со кои жените ги привлекуваат мажите

Освен градите, задникот и убавото лице, мажите кај жените забележуваат и некои други работи, кои можат да ги привлечат или одбијат. Станува збор за работи на кои голем дел од жените не обрнуваат внимание, но на просечниот маж некои од нив му се особено важни.

Ако сакате да поработите на своите заводнички моќи, би требало да поведете сметка за своето однесување. Следат неколку работи на кои дефинитивно треба да се обрне внимание.

Спонтани допири

Кога жената нешто зборува или објаснува и при тоа незабележливо ќе го допре мажот по коленото, рамената... може да биде сигурна дека му ја разбудила фантазијата. Тие случајни движења, кои жените обично ги користат во жарот на разговорот, му сигнализираат на мажот дека е пожелен и потребен.

Нарачување пијалак

Жената која е во состојба сама да седи покрај шанкот и да нарача пијалак високо котира во очите на мажот. Со тоа покажува дека е самостојна, независна од своите пријателки или некој маж, а и оти знае да се избори за сопствените основни потреби, меѓу кои се вбројува и пијалакот.

Снаоѓање во метеж

Жените кои добро се снаоѓаат во непознат простор и меѓу непознати луѓе уживаат подобар статус кај мажите. Пожелно е жената да не делува срамежливо или незаинтересирано, но еднакво е одбивно кога со сите сили се обидува да биде во центарот на вниманието.

Мирис

Секој човек има свој специфичен мирис, кој денес пак во голем дел „го зачинува“ со некој парфем, купка, лосиони за тело и низа други миризливи препарати. Никој не ви гарантира дека ќе го погодите точниот парфем кој го привлекува вашиот партнер, но пријатен телесен мирис е неопходен, ако сакате да се зближите со некој.

Остроумност

Ако спаѓате меѓу жените кои веруваат дека интелектот кај жената на мажите им е на последно место, време да го отфрлите тој стереотип. Слатка, паметна и „опасна“ жена, која мисли со своја глава и знае да биде остра на јазик, дефинитивно е „џек пот“ за секого.

Лакти

Женските лакти од некоја причина им се интересни на мажите, па би било добро од време навреме да им посветувате внимание.



Голема чанта

Верувале или не, сликата на жена која претура по чантата во потрага по клучеви, кармин или чадор, на мажите им е симпатична и шармантна. Жената која не може да се снајде во сопствената чанта, остава впечаток на помалку расеана дама на која и е потребна помош на џентлмен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби