На Вилијам и Кејт не им испраќајте подароци

Што да се подари на младенци кои имаат се? Во случајот со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон одговорот е дајте донација.

Новото време бара поинакви манири, па и поинакви подароци.

Принцот Вилијам и неговата избраничка не фантазираат за соба исполнета со скапоцени подароци. На нив не им треба кревет од јаворово дрво како оној што го добија на подарок родителите на Вилијам, принцезата Дајана и принцот Чарлс, кога се венчаа во 1981 година.

Не им треба ниту сервис од 20 сребрени чинии со изгравиран датум на венчавката, подарок од Австралија за истата прилика.

Младата кралска двојка ги замоли сите кои сакаат нешто да им подарат тоа да го направат по пат на донации во фондот, со кој се финансираат 26 хуманитарни и други организации.

Повеќето од овие организации се наоѓаат на територија на Велика Британија, но има организации кои се во земјите на Комонвелтот, како што е групата за помош на настраданите во земјотресот во новозеландскиот град Крајстчерч, Канадската крајбрежна стража и Австралиската мобилна докторска служба.

Некои организации кои ќе добијат пари од „свадбените“ донации упатуваат на војничката кариера на Вилијам. Имено, неколку од нив даваат финансиска помош на британски војници и нивните семејства, како Здружението на вдовици на воени лица.

На принцот Вилијам исто така посебно му се важни хуманитарните акции во Африка, што може да се види од фактот дека сака да помогне на проектите на Лондонското зоолошко здружение во спасување на црниот носорог и африканскиот слон од изумирање.

Кралската двојка се одлучи да пружи поддршка и на децата преку хуманитарна организација која работи со младите во создавање на опкружување без насилства и злоупотреби.

Парите од донациите ќе се дистрибуираат низ фондација која заедно ја основаа Вилијам и неговиот помлад брат Хари.

Сепак, Вилијам и Кејт ќе добијат и неколку вистински подароци. Од жителите на Велс, каде ги поминале последните две години поради ангажманот на Вилијам како пилот на РАФ, ќе добијат специјално дизајниран велшки кристал.

Една јужноафриканска нискобуџетна авионска компанија, во духот на африканскиот свадбен обичај „лобола“, се одлучи на семејството на Кејт Мидлтон да подари стадо крави. Компанијата Кулула соопшти дека кравите ќе ги купи во Велика Британија и ќе ги испорача на кралската двојка, под услов родителите на Кејт да го прифатат тој подарок.

Канадската Влада, која е позната по скапоцени свадбени подароци за членовите на британското кралско семејство, ќе го обелодени својот подарок на денот на венчавањето.

Меѓутоа, веќе е познато дека канадската провинција Алберта подарила 25.000 канадски долари (18.000 евра) за седум стационари за млади бездомници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби