Младенците и кралската гарда вежбаат за утрешната свадба

Принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нејзините родители, како и принцот Хари кој е кум на венчавката, присуствуваат денеска на последната проба во катедралната Вестминтерска Опатија, во центарот на Лондон, пред утрешната „свадба на столетието“, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во текот на изминатите денови неделава, Вилијам и неговата свршеница заедно, или сами учествуваа во вежбањето на деталите од кралската церемонија, за која кралските „церемонијал мајстори“, како луѓето од кралската палата задолжени за протоколот објаснуваат дека целата свадба мора да биде детално разработена и извежбана. Голем број лондончани и уште повеќе странски и домашни туристи, дојдени за да ја следат свадбата на Вилијам и „граѓанката“ Кејт Мидлтон, уште отсега се собрани пред црквата каде ќе биде венчавката, бурно поздравувајќи го секое појавување на младиот пар и на нивниот кум, принцот Хари.

Сите три родови на британската војска кои ќе учествуваат во свадбената парада, придружувајќи ги Вилијам и Кејт Мидлтон пред и по венчавката, како и кралската гарда и воените оркестри, вежбаат неколку денови, минувајќи низ патеката по која утре ќе помине младиот брачен пар. Првите вежби се одржуваа во раните утрински часови, кога лондонските улици се празни, а вчера една таква проба беше извршена и во времето во кое утре ќе минува свадбената поворка.

- Кралската свадба на ова столетие, како што медиумите ја опишуваат венчавката на идниот британски крал и кралица, веќе неколку денови е централен настан во домашната јавност, потиснувајќи ги во втор план политиката, претстојниот референдум за промена на изборниот систем, како и војната во Либија. Владата петок го прогласи за неработен ден и како „општонароден празник“, па се очекува околу два милиони луѓе да се најдат во британскиот главен град за да ја следат кралската свадба.

Лондон, а посебно центарот на градот, е закитен со британски знамиња и со постери на кои се Вилијам и неговата избраничка, која од утре и официјално влегува во кралското семејство.

Преку осум илјади новинари, сниматели и техничари се акредитирани за следење на кралската свадба која се очекува да биде глобален медиумски настан, со телевизискиот пренос што се смета дека ќе го следат преку две милијарди луѓе. Најбројна новинарска екипа имаат испратено Американците, чии телевизсикси компании изградија посебни мобилни студија низ центарот на Лондон, пред Бакигамснаката Палата од каде младенците ќе ги поздрават луѓето собрани пред палатата, како и на Трафалгар сквер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби