Следете ја во живо спектакуларната венчавка на столетието

Во Лондон се е подготвено за спектакуларната венчавка на принцот Вилијам и неговата сакана Кејт Мидлтон. Уште во осум часот утрово бројни посетители и почитувачи на кралската двојка започнаа да создаваат гужва на планирата рута по која ќе поминат нивните миленици.

Guardian објави дека обожавателите од утрово ги поздравуваат полицајците на мотори кои возат кон Бакингемската палата и создаваат еуфорично расположение. Сепак, метеоролозите најавуваат облачно време со повремени врнежи, а некои британски метеоролози пресметаа дека дождот може да го расипе првиот јавен бакнеж на новопечената брачна двојка, кој е најавен во 14:25 часот на балконот на Бакингемската палата.

Кликнете на следниот линк  и следете ја во живо спектакуларната кралска венчавка.

Инаку, деталниот распоред на церемонија ќе се одвива по овој редослед:

11:30 Девериците и останатата придружба ќе ја напуштат Clarence House, резиденцијата на Чарлс, Вилијам и Хари.

11:35 Кралицата Елизабета II и нејзината придружба ќе ја напуштат Бакингемската палата.

11:40 Принцот Вилијам ќе ја напушти палатата St. James во придружба на братот Хари.

12:00 Венчавката започнува во Вестминистерската опатија.

13:00 Вилијам и Кејт ќе ја напуштат Вестминистерската опатија во стаклена кочија и ќе тргнат кон Бакингемската палата.

13:30 Ќе започне службениот прием во Бакингемската палата, на кој се очекуваат повеќе од 800 гости.

14:25 Вилијам и Кејт ќе се појават на балконот на Бакингемската палата, каде за прв пат јавно ќе се бакнат како новопечени сопружници.

14:30 Колегите на Вилијам од военото воздухопловство (RAF) ќе ја надлетаат Бакингемската палата.

20:00 Ќе започне вечерата во Бакингемската палата за 250 најблиски пријатели и роднини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби