Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон стапија во брак

Очите на целиот свет денеска се вперени во Лондон, каде британскиот принц Вилијам и неговата избраничка Кејт Мидлтон го кажаа судбинското „да“.

Ѕвоната на Вестимистерската опатија со тричасовно ѕвонење ја означуваат женидбата на принцот Вилијам, втора по ред за британскиот кралски престол.

Илјадници луѓе се собраа денеска на патот од Бакингемската палата до Вестминистерската опатија за да можат барем за миг да ги видат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и на некој начин да учествуваат на венчавката, која би требало да ја заживее британската монархија.

Една третина од жителите на планетата го гледаат заветувањето на вечната љубов и на заеднички живот на Вилијам и Кејт.

Околу 1.900 совршено облечени гости, меѓу кои и членовите на кралските семејства од целиот свет, поп ѕвезди, спортисти и државници пристигнуваа во опатија.

Британската Влада го прогласи денешниот ден за национален празник, на што најмногу се израдуваа учениците и туристичките работници, кои очекуваат стотици илјади посетители во текот на викендот.

Во меѓувреме, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон добија титули на војвода и војвоткиња од Кембриџ, соопшти денеска Бакингемската палата.

Титулата на Вилијам е една од трите која му ја додели баба му, кралица Елизабета Втора по повод неговата венчавка со Кејт Мидлтон денеска попладне во Вестминистерската опатија.

Вилијам исто така ќе биде и ерл од Стратерн и барон Карикфергус, додека Мидлтон ќе биде грофица од Статер и бароница од Карикфергус.

Портпаролот на Вилијам рече дека принцот е „почестен“ со титулата.

Традиционално во Велика Британија, кралските младоженци на денот на венчавката добиваат барем една титула која по автоматизам им следува на младите.

Освен тоа што ќе биде војвоткиња, Кејт Мидлтон технички ќе биде и принцезата на Вилијам од Велс, но не и официјално принцеза Кетрин, затоа што е родена во граѓанско семејство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби