Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон заминаа на меден месец на „тајна локација“

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, кои сега ја имаат официјалната титула војводата и војводката од Кембриџ, заминаа денеска на пладне на меден месец, откако ноќта по свадбата ја помина во Бакингамската Палата, официјалната резиденција на британската кралица Елизабета.

На меден месец заминаа со хеликоптер на кралското воено воздухопловство од дворот на палатата во, како што е официјално соопштено, „непознат правец“. Не се соопштува каде ќе заминат на одмор, затоа што принцот Вилијам инсистира дека медениот месец на младата брачна двојка треба да помине далеку од јавноста и од медиумите. Од весниците и телевизиските станици е побарано да го почитуваат нивното право на приватност во овие моменти, јави дописникот на МИА од Лондон.

Претставник на кралското семејство соопшти денеска дека на синоќешната вечера што ја приредил принцот Чарлс, таткото на Вилијам, биле присутни 300 гости, најблиските роднини и пријатели на престолонаследникот и на младенците, но дека не присуствувале кралицата и нејзиниот сопруг, кои заминале на кус одмор. Синоќешната вечера на која здравици одржале братот на младоженецот, принцот Хари и таткото на невестата Мајкл Мидлтон, завршила со диско забава што траела до три часот по полнок.

По враќањето од медениот месец Вилијам и Кејт Мидлтон ќе живеат во лондонската резиденција Кларенс Хаус, во која живее и принцот Хари, но портпаролот на Бакингамската Палата објасни дека младиот принц, и покрај титулата што му ја даде неговата баба, кралицата Елизабета и вчерашната кралска свадба, ќе му се врати главно на приватниот живот. Најголем дел од времето двајцата ќе го минуваат во малото велшко место Англси, каде се наоѓа базата на хеликоптерската единица на Вилијам. Тој таму работи како пилот на хеликоптер од единицата на РАФ за спасување и настојува тоа да биде и понатаму неговото главно занимање



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби