Секс преку дупка во ГТЦ

Јавните тоалети во подрумот на Градскиот трговски центар во Скопје станаа собиралиште на скопските хомосексуалци кои сакаат авантури со непознати партнери. Заради секс со непознат партнер направени се дупки на дрвените прегради меѓу кабините во тоалетот, кои популарно се нарекуваат "глори холс" или славни дупки.

Муабетите за геј дупките на големо се раширија низ Скопје, а факт е дека на преградите во двата машки тоалета во подрумот на ГТЦ има дупки. Направени се на преградата меѓу претпоследната и последната кабина, идентично се изрежани и само се разликуваат по висината на која се поставени. Дупките се широки околу 7-8 сантиметри и се на висина од околу еден метар. Очигледно е дека не се насилно пробивани со кршење на дрвениот параван туку правилно и прецизно изрежани, што значи дека некој се потрудил да внесе машина за дупчење во јавниот тоалет.

Инаку, во двата тоалета во подрумот на ГТЦ е крајно нечисто и смрди на фекалии, урина, па дури и на скапана мрша. Муабетите велат дупките се користат и за орален и за анален секс.

Еден редовен посетител на вецето, кој често доаѓа тука за секс преку дупка вели дека ова не се случува од скоро, туку дека неодамна само пошироко се дознало за ова место и за дупките.

"Оние како мене, што сакаат таен секс, доаѓаат редовно во тоалетите во ГТЦ. Собирањето тука е веќе разработена шема, муабетот е одамна пуштен во еден затворен круг луѓе кои сакаат секс а да не бидат видени", ни откри нашиот соговорник, кој сакаше да остане анонимен.

Директорот на ГТЦ Аго Абазовски не сакаше да коментира за случувањата во тоалетите. Тој само ни одговори дека во санитарните јазли постојано има по две хигиеничарки што се грижат за тоалетите и ни посочи дека во подрумот постојано има обезбедување.

Популарен во светот

Геј сексот во јавните тоалети е популарен во светот, а особено откако пред неколку години при секс во тоалет во САД беше фатена поп sвездата Џорџ Мајкл. Сведоците на тој настан велеа дека сексот во тоалети е редовна практика, но сите беа изненадени што некоја позната личност како Мајкл се впуштила во тоа.

Лани актуелен беше скандалот на американски републикански конзервативен сенатор на Ајдахо Лери Крег, кој му се беше пуштил на непознат маж во вецето на аеродромот во Минесота. Крег беше уапсен оти мажот кого сакал да го секса случајно бил агент на ФБИ во цивилка. Но, американската јавноста го осуди Крег не затоа што бркал дечковци во веце, туку затоа што во својата политичка агенда тој самиот се претставувал како закоравен хомофоб, борец против правата на хомосексуалците и хомосексуалните бракови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби