
Постојат повеќе теории за поврзаноста меѓу храната и сексот, но јапонските научници излегоа со нова теорија според која младите луѓе кои го прескокнуваат појадокот имаат тенденција порано да ја загубат невиноста.
Студијата, со која беа опфатени три илјади лица, укажува дека оние кои редовно не појадуваат во раните тинејџерски години ја губат невиноста во просек на 17,5 години. Просечната возраст на која Јапонците ја губат невиноста е 19 години.
Според истражувањето, оние кои редовно консумирале појадок кога биле помлади, во просек првото сексуално искуство го доживуваат на 19,4 години.
Студијата, која беше поддржана од јапонското Министерство за здравство, имаше за цел да се истражат разни начини за спречување на несаканата бременост. Заклучокот е дека стабилниот семеен живот зашититува од прерано стапување во сексуални односи.
- Оние кои се несреќни со нивните родители, на пример оние на кои родителите не им подготвуваат појадок, можат да најдат начин да ги ослободат своите фрустраци со тоа што ќе се впуштат во секс, изјави Кумио Китамура, директор на јапонската Асоцијација за планирање на семејството, кој го предводеше истражувањето.
- Доколку децата не се чувствуваат удобно во своите семејства, тие имаат тенденција да заминат надвор, вели тој.
Истражувањето меѓу другото покажа и дека околу 40 проценти од брачните двојки немаат секс по цел месец. Испитаниците појасниле дека премногу се уморни од работата или пак сексот го доживуваат како болка.