ФОТО: Првата садо-мазо журка во Белград!

Клубот во кој се одржа првата BDMS журка се наоѓа во самиот центар на Белград, а дискретниот влез и спуштање низ мрачните скали ве води во простории во кои сексот е главната тема на вечерта. Овој клуб и порано бил познат по тоа што бил седиште на оние кои го пронаоѓале сексуалното задоволство преку сексуалната доминантност, врзување, казнување и сексуална болка.



Скратеницата BDMS доаѓа од англиските Bondage – Dominance – Submission – Masochism или во превод ропство, доминантност, садизам и мазохизам. Тоа е еден вид на еротско играње на улоги, во кои уживаат и двете страни.



Гостите на оваа журка,пред време се запознаваат со правилата на играта во кои самостојно се пријавуваат. Во клубот биле изложени маски, корсети, камшици, вибратори и разни други играчки со кои учесниците се забавувале. Постоеле две групи со различни игри. Во првата група, господарот или господарицата имале апсолутна власт врз робот и тоа во секоја смисла на зборот! Во втората група членовите однапред се догаварале на правилата и овде бил дозволен „стоп“ сигнал, доколку ситуацијата тргне во погрешен правец.



Домаќин на оваа журка бил Зоран Павловиќ, кој ја почнал својата кариера како сосптвеник на жешка линија. Откако сфатил дека мажите обожаваат доминација, решил тоа да го претвори во материјално. Со оглед на тоа дека сексот сѐ уште е табу тема на Балканските простори, Зоран ги користи социјалните мрежи за реклама и преку нив ве поканува на втората садо-мазо журка, која ќе се одржи на 4 април.



Сепак, одредени личности очекувале нешто сосема различно, па затоа со страв истрчале од клубот откако виделе што навистина се случува. Малкумина се оние кои би се осмелиле да се пријават за да учествуваат на овој тип на журка. Повеќето дури и ги кријат своите длабоки желби, само за да не бидат исмејувани од општеството.

Извор: Telegraf.rs



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби