Бизарни секс обичаи: Верувале или не – се уште постојат!

Во многу култури сексот се уште е табу тема, а можеме само да замислиме како ли било во минатото. Сепак, човекот има потреба за секс, па културната репресија морала да истрпи неколку исклучоци. Токму на тој начин настанале безброј култури и обичаи, во кои припадниците на одредени култури веруваат.

Кои се најбизарните секс обичаи?

Романките не сакаат орален секс



Во Романија се практикува орален секс, но тоа не е вообичаено за обичните девојки и жени. Орален секс може да пружат само проститутките, бидејќи таму луѓето сметаат дека оралниот секс е понижување за жената.

Гола вечера во Јапонија



Тешко е да не помислиме на секс бизарности кога се работи за оваа далеку источна земја. Еден од најголемите хитови е послужување суши на женско или машко голо тело. Личноста од која се јаде се тренира да лежи неподвижно со часови, а сите влакна од телото целосно и се отстранети за да не се залепат на некое од јадењата.

Вуду капење на Хаити



Ако сакате да се занимавате со вуду магија или ве интересираат тие обичаи, Хаити е најдоброто место за истражување на овој необичен религиски култ. Но, некои работи сигурно ќе ве изненадат, шокираат, па можеби и ќе ве преплашат. Сепак, капењето под водопадите Saut-d’Eaua секој јули може да биде забавно. Оној кој практикува капење ја слави божицата на љубовта, Ерзули Ферди. Тоа го прават така што се соблекуваат голи, се валкаат во кал и во големи количини крв од животни.

Еротски одреди во Гвам

Можеби до сега не сте слушнале за малиот пацифички остров Гвам, но доволно е да знаете дека припаѓа на Микронезија, дел на САД, а таму на девојките им е забрането да се мажат девици. Додека во други земји се практикува невиноста пред брак, овде сè е спротивно. Затоа локалната влада повремено ангажира одредени момчиња кои шетаат по локалните места каде што имаат секс со девојки кои дури и им плаќаат за тоа!

Индонезиски празник Пон



Паганските вери секогаш ги имаат најдобрите ритуали, а таков е и празникот Пон. Иако Индонезија денес претежно е исламска држава, во помалите средини се задржало и ова верување. Имено, 7 пати годишно, оние кои ја негуваат оваа религија, одат на аџилак на Света Гора во Јава, за да ја предизвикаат добрата среќа за себе и своите блиски. Тоа го прават на тој начин што на планината имаат секс со некој кој не им е партнер, но за да им се исполнат желбите, тоа мора да биде со истата личност сите седум пати. Со други зборови: дозвола за изневерување, плус бонус - добра среќа!

Французите се свингери

Менувањето на партнерите, секоја година се стекнува со поголема популарност. Тоа особено е застапено кај слободоумните Французи, па скоро 27% од нив признале дека се впуштиле во овој вид на забава. Бројката од 41% колку што учествувале во оргија, кажува сè!

Исламски привремен брак



Иако денес во главно е забранет, овој обичај некогаш бил многу популарен во Иран. Привремениот брак им давал на младиот пар договорена можност да имаат секс пред да влезат во вистинскиот брак. Денес тоа веројатно изгледа без врска, бидејќи сексот пред брак е сосема обична работа, но ако се потсетиме колку е строга Исламската религија, особено кога се работи за сексот, овој обичај и не изгледа така лошо. И Муслиманите се само луѓе, па малку ги прекориле некои закони и добиле некој вид на безгрешен секс. Сепак, привремениот брак веќе е заминат во историјата.

Јавниот секс е хит во Велика Британија

Оние кои гледаат порно сигурно налетале на клипови кои во насловот имаат збор „dogging“ што значи секс во јавност, додека други луѓе гледаат. Во близина на селото Путенхам, покрај Лондон, постои едно поле кое е наменето само за јавен секс, а гледачите секојдневно посматраат геј секс преку ден, а хетеросексуални односи навечер. Ова е доказ дека Британците навистина знаат како да се забавуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби