Chevrolet Camaro ZL1

Chevrolet го претстави моделот Camaro ZL1 кој, меѓу другото, за првпат после 1980-тите нуди 4-цилиндричен мотор, а на пазарот треба да се појави во 2017-та.

Визуелно, Camaro ZL1 делува многу поагресивно од сите верзии на шестата генерација на Camaro моделот – но сите тие спортски елементи не се само шминка, туку се дизајнирани да ја зголемат аеродинамичноста на автомобилот и да го направат постабилен при големи брзини. За стабилноста ќе бидат задолжени и 20-инчните тркала со профил на гуми од 285/30 напред и 305/30 позади, додека Brembo кочниците ќе бидат 15.4 инчни.



Во однос на моќноста, бројките се следниве: тој ќе има V8 мотор од 640 коњски сили и 870 Nm вртежен момент, сличен на General Motors-овиот LT4 6.2 литарски V8 мотор вграден во моделот Corvette Z06.

Camaro ZL1 е за 90кг полесен од неговиот претходник, што се должи на платформата на Chevrolet наречена Alpha, која ја делат и Cadillac моделите ATS и CTS. Во поглед на забрзувањето, сè уште не се познати бројките, но се очекува да биде исклучително брзо, земајќи ги в предвид резултатите кои ги има покажано SS верзијата на Camaro од шестата генерација кој има 455 коњски сили, а од 0-100км/ч забрзува за 3.9 секунди.

Стандардниот модел ќе биде опремен со 6-брзински менувач, но на располагање ќе биде и 10-брзински автоматски менувач, развиен заедно со ривалот Ford. Овој нов менувач ќе биде инсталиран и во 7 нови модели на Chevrolet во 2018-та.

Почетната цена се очекува а му биде од $60 000 па нагоре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...