BMW 6 Series

Според Auto Express, BMW спрема спортско возило кое ќе биде ривал на Porsche 911, како и враќање на 8 Series повторно на пазарот (по нејзиното стопирање во 1997-ма во САД, и 1999-та во Европа)

Компанијата планира радикално да го смени 6 Series моделот во помало и повеќе агилно спортско возило, правејќи простор за враќање на 8 Series како нивна врвна серија.


Инаку, BMW досега не ни планирале да прават ривал на Porsche 911, но пристигнувањето на новиот Mercedes AMG GT го сменило тоа.



Помалечката 6 Series е можно да се базира на платформата за спортски автомобили на која BMW работат заедно со Toyota, и за која досега се сметало дека ќе ја користат за возила со различна големина – BMW за новиот Z4 модел, а Toyota за поголемото Supra coupe. Извори и од двете компании веќе имаат потврдено дека оваа нова платформа ќе биде скалабилна, а поради фактот што годишно Z4 моделот и нема преголема продажба, многу е веројатно дека BMW, за да ги искористи деловите од поголемата платформа (која би ја имала Supra coupe), ќе го направи 6 Series моделот малку поголем отколку Z4 – со должина од 4.5м (во споредба со 4.3м), што е скоро идентично колку онаа на Mercedes AMG GT и Porsche 911. Oва ќе дозволи и вградување на V8 и 6-цилиндричните мотори на BMW.

Исто така, сознанијата се дека моменталниот предлог за 6 Series е да постои во варијанта само како спортски и кабриолет модел, без Gran Coupe верзија подоцна. Таа верзија ќе продолжи да живее како 8 Series Gran Coupe, покрај купе верзијата со 2 врати, и кабриолетот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...