Кинескиот производител на автомобил Geely (кои се сопственици на Volvo и LEVC London Taxicab ) го најави нивниот нов бренд Geometry, кој ќе биде сестринска компанија која ќе произведува исклучиво електрични автомобили.
Со слична големина на Toyota Prius, Geometry A ќе има аеродинамичен индекс од само 0.2375 – скоро идентичен на оној на Tesla Model 3.
Моделите со голем домет ќе имаат батерија со моќност од 61.9kWh која ќе им овозможува домет од 500км., додека кај стандардните модели тој ќе изнесува 410км. Електричниот мотор и кај двата модели ќе има 163 коњски сили, 250nm вртежен момент и забрзување од 0-100км/ч. за 8.8 секунди.
Официјалните бројки во врска со полнењето на батеријата не се потврдени, но се очекува за 30 минути таа да може да се наполни од 30% на 80%.
Покрај многуте системи за безбедност преземени од Volvo моделите Geometry A ќе има и „Level 2 plus“ автономија.
„А“ ќе биде првиот од 10 нови Geometry модели кои треба да се појават пред 2025-та, а чии имиња ќе бидат следните букви од абецедата. Тука ќе спаѓаат фамилија лимузински модели, SUV, кросовери и др.