Футуристички урбан транспорт Audi AI:ME

Audi на Shanghai Motor Show ја претставија нивната визија за футуристички урбан транспорт во форма на концептот Audi AI:ME



Не е објавено врз која платформа е базиран, но меѓуоскиното растојание му е 2770mm – исто како на скоро претставениот Q4 e-tron кој на пазарот треба да се појави во 2020. Тоа значи дека најверојатно се работи за комплетно електричната MEB платформа на Volkswagen Group, напојувана од електричен мотор на задната оска со моќност од 170 коњски сили.

Дизајнерски, овој модел потсетува на VW ID или SEAT el-Born, но не е дел од e-tron серијата туку повеќе припаѓа на концептите „vision” – специјализирани возила наменети за различни дејности, а не „сè-во-едно“ модели како традиционалните.



AI:ME е автономно градско возило наменето за делење по потреба, со димензии типични за хечбек возилата базирани на MEB платформата – AI:ME е 4300mm долг, 1900mm широк и 1520mm висок, со секое тркало поставено на самиот раб за да се максимизира просторот во внатрешноста. Профилот, пак, му е ненамерно сличен на иконскиот А2 модел на Audi, бидејќи се работи за аеродинамична форма која овозможува доста простор во ентериерот.

Иако се работи за релативно малечок автомобил, неговиот фокус е на луксузноста – кабината е мешавина од дрво, текстил и минерални композити, кровот е стаклен, а внатре дури има и вистински растенија. Возилото е и исклучително тивко бидејќи има систем за активно поништување на бучавата.



AI:ME има Level 4 автономни способности, што значи може самото да се вози во одредени услови. Од Audi замислуваат дека овој модел ќе може да се повика преку смартфон апликација, преку која по желба ќе може да се модифицира распоредот на седиштата, внатрешната температура па дури и бојата на возилото кое што се нарачува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...