Трета генерација на Mercedes GLS

Третата генерација на Mercedes GLS е официјално претставена на овогодинешното New York Motor Show, ќе биде ривал на новиот BMW X7 и Range Rover, а во автосалоните ќе пристигне ова лето по цени кои ќе започнуваат од 86 700 евра.



Подолг и поширок од сегашниот модел, новиот GLS ќе биде еден од најголемите автомобили со должина од над 5,2m и ширина од скоро 2m, од кои единствено поголем е Rolls-Royce Cullinan. На меѓуоскиното растојание се додадени дополнителни 60mm и тоа сега изнесува 3135mm, што значително го зголемува просторот за патниците.

GLS е седмосед, но за европските купувачи ќе биде понудена и варијанта со 6 седишта, каде средната клупа ќе биде заменета со 2 индивидуални седишта со наслони за рацете. Сите седишта се електрични, а во секој ред има контроли за климата и USB портови.



Просторот во багажникот кога сите клупи со седишта се спуштени изнесува 2400 литри – тоа се 100 литри повеќе од сегашниот модел и 280 литри повеќе од BMW X7. Со притискање на копче, GPS ќе може да се спушти за 50mm за да го олесни утоварот на поголемите објекти.

Архитектурата на кабината е преземена од помалечкиот GLE модел – пар 12.3 инчни дисплеи, а вграден е и новиот MBUX infotainment систем на Mercedes со вештачка интелигенција кој ги учи однесувањата на патниците. Така, на пример, доколку возачот регуларно се јавува на одредена личност во одредено време, MBUX системот ќе го понуди тој контакт како сугестија на дисплејот во тој дел од денот.



Ќе бидат понудени неколку пакети: Rear Seat Entertainment (забава за оние на задните седишта) ќе има два 11.6 инчни дисплеи за патниците во вториот ред кои ќе имаат интегриран интернет пребарувач, Rear Comfort Plus пакетот во средниот ред ќе има 7-инчен Android таблет, а задните редови ќе имаат пристап до функциите за контрола на климата.

Изборот на мотори ќе се состои од три 6-цилиндрични и еден V8, додека европските купувачи ќе ги добијат само 6-цилиндричните дизел верзии. GLS 350d 4MATIC ќе има 3.0 литарски 6-цилиндричен дизел мотор со моќност од 290 коњски сили, 600Nm вртежен момент и потрошувачка од 15.7km/l., додека GLS 400d 4MATIC ќе го има истиот мотор но со 330 коњски сили и 700Nm вртежен момент и иста потрошувачка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...