2020 Renault Captur кросовер

На интернет „протече“ слика со лош квалитет на новиот Renault Captur пред неговото официјално претставување, а моделот треба на пазарот да се појави во почетокот на 2020, со plug-in хибриден погон и стилски елементи позајмени од идната генерација на Renault Clio.



Формата и профилот на автомобилот ќе бидат задржани, со тоа што дизајнот на фаровите и дневните светла ќе биде превземен од новото Clio.

Подобрувањата, пак, во кабината ќе бидат повеќе забележливи – новиот Captur ќе има вертикален infotainment систем во средината, со екран чувствителен на допир.

Од Renault развиваат сосема нов plug-in хибриден систем, кој ќе се состои од 1.6 литарски 4-цилиндричен бензински мотор (развиен од Nissan), и електричен мотор кој покрај тоа што на бензинскиот ќе му овозможува дополнителна моќ и вртежен момент, ќе нуди и домет до 80km. само со него.

Официјалните спецификации на перформансите сè уште не се откриени, но од Renault имаат потврдено дека електричниот систем ќе биде напојуван од 9.8kWh батерија.



Captur ќе биде понуден и со 1.3 литарски 4-цилиндричен бензински мотор од новиот Kadjar, што е мотор развиен од Nissan за најновата Mercedes A-класа. Renault ќе продолжат да ја нудат и дизел опцијата.

Во новиот Captur ќе биде вградена и подобрена технологија на системите за асистенција, а која ќе биде добиена од Nissan. Таков ќе биде ProPilot полу-автономниот систем, кој ќе биде дел и од уште 14 нови модели на Renault со полу-автономна технологија кои на пазарот треба да се појават до 2022.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...