Ново редизајнирано Renault ZOE

Новото Renault ZOE е целосно редизајнирано и се работи за електрично супермини со домет од 390km. благодарение на поголемата батерија од 52kWh.

И покрај тоа што се работи за најголемото подобрување на ZOE од кога овој модел е појавен на пазарот пред 7 години, многу малку се има променето однадвор. Автомобилот е со иста големина како и досега, а редизајнот вклучува нов преден браник, нови LED фарови во С-форма и хромирани детали.



Промените во внатрешноста се поочигледни – новото ZOE има комплетно редизајнирана централна конзола со 9.3 инчен touchscreen дисплеј како дел од стандардната опрема на секој модел.

Новиот infotainment систем на Renault „easy connect” на возачот му овозможува да менува разни функции на автомобилот преку неговиот смартфон, како на пример поставување на дестинацијата, проверка на статусот на батеријата, нагодување на климата и др.

Капацитетот на батеријата е зголемен со погусти ќелии и изнесува 52kWh (наместо 41kWh), без физички да биде зголемена нејзината големина, што резултира со зголемување на дометот за околу 30% во однос на сегашниот модел.



Со стандарден ѕиден приклучок од 7kW, батеријата може целосно да се наполни за 9 и пол часа, а благодарејќи на 50kW DC брзото полнење, за само 30 минути може да се обезбеди домет од околу 145km.

Електричниот мотор е со моќност од 137 коњски сили/245Nm вртежен момент, а купувачите ќе имаат избор и од послаб од 110 коњски сили, кој е вграден во сегашниот модел.



Новиот мотор ќе овозможува забрзување од 0-100км/ч. за помалку од 10 секунди и максимална брзина од 140км/ч.

Додадени се и нови безбедносни системи како систем за препознавање на сообраќајни знаци, за предупредување кога има возило во мртвата точка, автоматско сопирање во итни случаи, и систем за асистенција при менување на ленти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...