Volkswagen Passat со фејслифт

Volkswagen ја претставија најновата верзија на нивниот модел Passat чија цена ќе започне од 28 300 евра, а ќе биде на располагање во салон и караван варијанта.

Суптилните стилски промени вклучуваат редизајнирани предни и задни браници, 3 нови бои на каросеријата, како и подновен ентериер со 11.7 инчна дигитална инструмент табла.



Во поглед на моторите, изборот ќе биде помеѓу 3 бензински, 4 дизел и еден хибриден. Бензинските ќе ги имаат следниве карактеристики: 1.5 литарски 4-цилиндричен од 150 коњски сили и 2.0 литарски 4-цилиндричен со 190 и 270 коњски сили, додека дизелите ќе бидат 1.6 литарски 4-цилиндричен од 120 коњски сили, 2.0 литарски 4-цилиндричен од 190 или 270 коњски сили, како и 2.0 литарски 4-цилиндричен TDI EVO од 150 коњски сили.

Хибридниот ќе биде комбинација од 1.4 литарски 4-цилиндричен бензински и електричен, со вкупна моќност од 218 коњски сили, и домет само со електричниот погон од 56км.

Новиот Passat (Mk8.5) ќе биде првиот Volkswagen со полу-автономна способност. Системот за возачка асистенција од Level 2 е наречен IQ Drive и комбинира адаптивна контрола на крстарењето, асистенција при возење во и менување на ленти, и бројни други сигурносни системи кои на возилото ќе му овозможуваат да си го контролира забрзувањето, кочењето и управувачките функции при брзини помеѓу 0 и 210км/ч. Од Volkswagen велат дека системот може да препознава кружни токови, раскрсници и промени во ограничувањето на брзината и според тоа самиот да го прилагодува возењето.



Стандардните SE модели ќе доаѓаат со 17 инчни алуминиумски бандажи, дневни LED светла, LED фарови и 6.5 инчен infotainment систем со Apple CarPlay и Android Auto, SEL моделите ќе имаат различен дизајн на бандажите, кожен тапацир, 8-инчен infotainment систем со гласовна контрола и затемнето задно стакло, R-Line моделите ќе имаат 18-инчни алуминиумски бандажи, спортска суспензија, кожни спортски седишта, педали од нерѓосувачки челик, и контрола на климата во 3 зони, додека специјалното ограничено издание R-Line караван ќе има 19-инчни бандажи, Matrix LED фарови и 9.2 инчен infotainment систем.

Ова издание ќе се испорачува со 2.0 литарски бензински мотор од 270 коњски сили или 2.0 литарски дизел од 240.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...