2020 Volkswagen Golf Mk8 претставен со хибридна технологија

Новата, 8-ма генерација на Volkswagen Golf ќе започне со продажба во февруари 2020-та, а првите испораки се очекуваат во април. Најголемата промена во дизајнот е на предницата, која сега има потенка решетка, понизок нос, како и потесни предни фарови.



Задните фарови се помалку заоблени, а севкупниот дизајн е еволуција на оној на сегашниот модел и не е драстично променет.

Во ентериерот, пак, доминираат пар екрани – 10-инчен infotainment систем со подршка за Android Auto и Apple CarPlay и 10.25 дигитална инструмент табла која ќе биде дел од стандардната опрема на сите Golf модели.



Скоро сите традиционални копчиња се заменети со површини чувствителни на допир, вклучувајќи го и активирањето на сончевиот кров.

Како и сегашниот модел, и новиот ќе биде изграден врз MQB платформата на VW Group и плус минус неколку милиметри ќе има идентична големина со него.

Додека целосно електричен погон нема да биде вграден во новиот Golf (тоа е резервирано за ID фамилијата модели), тој ќе доаѓа и во верзија со средно хибриден погон со електричен систем од 48 волти.

Оваа средно хибридна верзија ќе биде на располагање кај двете верзии на 1.5 литарскиот 4-цилиндричен турбо бензински мотор (од 130 и 150 коњски сили), како и кај 1.0 литарскиот 3-цилиндричен турбо мотор од 110 коњски сили. 1.0 литарскиот TSI модел од 90 коњски сили и моделите со мануелен менувач нема да ја имаат средно хибридната технологија.



Двата 2.0 литарски дизел мотори со моќност од 115 и 150 коњски сили ќе доаѓаат со мануелен и автоматски менувач, а во нив подоцна ќе биде вграден средно хибридниот систем.

При лансирањето, најмоќниот Golf модел ќе биде GTE , со plug-in хибриден погон составен од 1.4 литарски турбо бензински мотор од 150 коњски сили, и моќен електричен мотор со што вкупната моќност ќе се зголеми на 250 коњски сили – иста како сегашниот Golf GTI Performance. Капацитетот на батеријата ќе биде 13kWh и ќе овозможува домет од 70км. при брзина до 140км/ч.

Од Volkswagen потврдиле дека подоцна ќе следат GTI и R моделите.

Во поглед на вградената безбедноста технологија, новиот Golf ќе има полу-автонмни функции кои ќе му овозможуваат самиот да забрзува, кочи и управува до брзини од 210км/ч. (каде што тоа е легално).

Најинтигантен е Car2X системот кој овозможува автомобили од било кој произведувач да се поврзуваат во реално време, објавувајќи информации како предупредувања за опасности на патот и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...