Четвртата генерација на Skoda Octavia vRS ќе дебитира на овогодинешното Geneva Motor Show, а како и сегашната, ќе биде понудена во различни форми – хечбек, лимузина, со погон на 2 или 4 тркала, со бензински и дизел мотори. За прв пат ќе биде понудена и хибридна варијанта.

Skoda Octavia vRS iV plug-in хибридот ќе го користи истиот 1.4 литарски 4-цилиндричен турбо мотор од скоро лансираниот Golf GTE, додека перформансите не се објавени, но се очекува да бидат исти како оние на бензинскиот vRS модел кој ќе користи 2.0 литарски 4-цилиндричен мотор.
Од Skoda сакаат идниот vRS да биде најмоќниот досега, така што се очекува моќноста да изнесува над 250 коњски сили.
Претпоставувајќи дека 1.4 TSI моторот ќе има моќност идентична како оној од Golf GTE (150 коњски сили), тоа би значело дека преостанатите 100-тина би се добиле од електричниот мотор.
Вкупниот вртежен момент се очекува да биде околу 400Nm, што би овозможило забрзување од 0-100км/ч. за околу 7 секунди.
Дизел варијантата ќе продолжи да го користи постоечкиот мотор со моќност од 200 коњски сили. Цената на хибридниот Skoda Octavia vRS се очекува да биде највисоката во историјата на овој модел, блиску до 37 900 евра.