2020 Jaguar XJ кој треба официјално да биде претставен на крајот на 2020 ќе биде вториот електричен Jaguar, по I-Pace SUV, и електрична алтернатива на Mercedes S-класата, која наскоро ќе добие електричен „роднина“ во форма на Mercedes EQS салон моделот.

Шпионските фотографии откриваат помалку отколку тизер сликата на задниот дел на автомобилот прикажана минатиот септември на Frankfurt Motor Show, а маскираниот тест модел ја нема ни каросеријата која ќе ја има продукцискиот XJ, туку се работи за значително модифицирана каросерија на моделот XF.
Според фотографиите, може да се забележи дека е зголемено меѓуоскиното растојаните, најверојатно за да се создаде простор за батериите на електричниот погон.
2020 Jaguar XJ ќе биде базиран на новата MLA платформа, наменета за големите Jaguar модели со комплетно електричен, plug-in хибриден и средно-хибриден погон.
Инаку, од Jaguar имаат изјавено дека ќе нудат електрифицирани опции за сите нивни нови модели 2020 нaтаму.