Audi RS 4 Bronze Edition

Audi во 2019-та направија фејслифт на RS 4 Avant, а новото ограничено „бронзено“ издание (Bronze Edition) нуди уште повеќе дополнителна опрема и некои козметички подобрувања.



Ќе бидат произведени само 25 примероци на RS 4 Avant Bronze Edition, по цена од 99 150 евра.

Деталите на екстериерот кој бронзеното издание го двојат од стандардниот RS 4 Avant се 20-инчни бронзени алуминиумски бандажи, како и заден спојлер и дифузер во темна матирана боја, додека ексклузивна боја на каросеријата за овој модел е Vesuvius Grey (сива).

Ентериерот е подобрен со најновиот 10.1 инчен touchscreen, како и со подобрена верзија на Bang & Olufsen аудио системот, додека на кожните спортски седишта, воланот и дршката на менувачот има бронзени шевови.

Моторот е ист како и од стандардниот RS4 Avant – 2.9 литарски турбо V6 со моќност од 450 коњски сили, 600Nm вртежен момент, забрзување од 0-100км/ч. за 4.1 секунди, и максимална брзина од 250км/ч. Како дел од стандардната опрема е вклучен ауспухот од RS Sport, кој инаку се доплаќа 1500 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...