На повидок нов електричен супермини модел на Audi

Од Audi планираат голема експанизија на нивната e-tron понуда во следните 5 години, а сега е објавено дека на неа ќе се приклучи и малечок автомобил базиран на најмалата платформа за електрични возила на VW Group, позната како MEB Entry.



Оваа архитектура била претставена на годишната конференција на VW Group минатата пролет, а дизајнирана е да подржува возила долги до околу 4 метри (како Polo или Audi A1) кои би се продавале по цена од околу €20,000.

Првиот ваков модел би требало да се појави пред крајот на 2022, а одговорноста за овој проект е предадена на SEAT и нивниот главен инженер Аксел Андорф. Фокусирањето на ниската цена на овие модели доведе до шпекулација дека платформата ќе биде ограничена на автомобилите на VW, Skoda и SEAT, меѓутоа член на одборот за маркетинг на производи на

Audi сега за Auto Express изјавил дека и тие планираат да ја користат оваа платформа за да го зголемат нивното портфолио на електрични автомобили.

Ексклузивните илустрации покажуваат како еден ваков Audi модел би можел да изгледа, а моделите изградени на MEB Entry платформата се очекува да имаат домет помеѓу 210-240 километри.

Инаку, првиот модел на Audi изграден врз регуларната MEB платформа (која ќе дебитира ова лето со VW ID.3) ќе биде Audi Q4 e-tron.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Релативно срамежлив дечко отишол во кафич со другарите и откако се напиле по една пијачка овој собрал сили и и пришол на некоја од девојките, прашувајќи ја дали може да ја части...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
138.- Умре римскиот цар Публиј Еилиј Адријан, кој...
1509.- Роден е Жан Калвин, верски реформатор,...
1559.- Умре францускиот крал Анри Втори, татко...
1774.- По шестогодишната војна меѓу Русија и...