На шпионски фотографии е забележано нешто за кое што се верува дека е помалечок „роднина“ на најавената EQS лимузина на Mercedes.

Моделот кој најверојатно ќе го носи беџот EQE ќе биде електрична алтернатива на Mercedes E-Class, и ривал на Tesla Model S кога ќе се појави во продажба во 2022.
Додека EQS ќе биде долг 5.2 метри, EQE најверојатно ќе биде под 5 метри, со меѓуоскино растојание и должина на каросеријата слична на Tesla Model S.
Споредувајќи ги шпионските фотографии со официјалните тизер слики кои Mercedes ги имаа објавено при претставувањето на EQS, може да се заклучи дека овие два модели ќе бидат исклучително слични. Единствената разлика се чини дека ќе биде во дизајнот на задниот дел, и во меѓуоскиното растојание кое е помало кај EQE.
И двата модели ќе ја делат истата платформа – сосема новата архитектура која Mercedes ја развиваат за нивната идна генерација електрични автомобили, наречена MEA (Modular Electric Architecture / модуларна електрична архитектура)
Техничките спецификации на Mercedes EQE сè уште не се објавени, но со оглед на тоа што EQS има домет од над 700км., се очекува тој кај EQE да биде поблиску до 610км., колку што е дометот на Tesla Model S Long Range