Продажбата на БМВ лани помала за 8,4 отсто

Германскиот производител на автомобили БМВ денеска објави дека лани е забележан пад на продажбата на нивните возила од 8,4 отсто. Причината за тоа е пандемијата на коронавирусот, бидејќи многу продажни места низ целиот свет беа затворени со месеци.



Сепак, побарувачката бележи благ пораст во четвртото тримесечје, зголемувајќи се за 3,2 насто во споредба со истиот период 2019 година, како што соопштуваат од компанијата.

– Успеавме да ја завршиме годината со стабилен четврти квартал и уште еднаш да поведеме, во однос на премиум-автомобилите ширум светот, изјави Питер Нота, член на Управниот одбор на компанијата.

Компанијата со седиште во Минхен лани продала вкупно 2.324.809 возила. Во Европа продажбата паднала за 15,7 отсто, а во САД – за 18 отсто. Во Кина, каде што пандемијата започна, но и се стави под контрола побрзо отколку во повеќе други делови од светот, продажбата минатата година покажа тренд на опаѓање од 7,4 насто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...