„БМВ“ го продаде милионитиот електромобил

Германскиот производител на автомобили „БМВ“ денеска објави дека веќе има продадено еден милион електрични возила и дека планира да достигне вкупна продажба од два милиони примероци до 2025 година.



– Околу 70 отсто од продадените електрични возила досега, се хибридни. Компанијата верува дека хибридните модели ќе продолжат да играат важна улога, особено за купувачите за кои полнењето не е лесно достапно, изјави Питер Нота – член на одборот на фирмата.

Во обид да го намали испуштањето стакленички гасови, автопроизводителот долго време се залага за инвестирање во низа технологии и не само во електромобили исклучиво со батерии. Компанијата се противи на целосна забрана на автомобилите со внатрешно согорување.

Намерата е до 2030 година најмалку 50 отсто од нивната светска продажба да бидат целосно електрични возила. Но, оттаму неколкупати нагласуваат дека недостатокот на инфраструктура за полнење е главна пречка за побрзо прифаќање на електричните возила.

– Продажбата на „БМВ“ во ноември беше малку под нивото од лани. Тоа, бидејќи недостигот на чипови продолжува да ја ограничува понудата, објави Нота.

Но, компанијата е уверена дека ќе успее да постигне раст на приходите во однос на минатата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...